ТЕХНОКООП доо Скопје

Нашата компанија која на македонскиот пазар постои веќе од 1989 година, односно повеќе од 20 години и која за овој период успешно се етаблира во доменот на дизајнирање, производство и опремување на ентериери со мебел по мерка и за сечиј вкус. Како потврда за успешноста во доменот на организациската поставеност во компанијата, од Јуни 2011 година се здоби со сертификатот ИСО 9001: 2008 норми за квалитет, а во Ноември 2012 година и со сертификатот ИСО 14001: 2004, издадени од австрискиот сертификатор „TUV AUSTRIA CERT GMBH“ од Виена, којшто уште повеќе ќе нè мотивира и ќе допринесе во насока на зголемување на задоволството на корисниците на нашите услуги, но и на вработените.

Компанијата е специјализирана за проектирање, опремување и уредување на простории со различни намени. Водејќи се од нашето лого „КАКО ЗА СВОЈА КУЌА“ постојано се стремиме кон производство на квалитетен и убаво дизајниран мебел, што пред сè е наша клучна заложба со која цврсто чекориме напред, која ни дава право да бидеме горди на она што сме го сработеле досега и нè охрабрува успешно да се справиме со предизвиците што ни претстојат во иднина.

Почитувајќи ги желбите и барањата на нашите клиенти, во производството користиме само висококвалитетни и проверени материјали за производство на мебел набавени од реномирани светски производители, што претставуваше и основа за добивање на ИСО сертификатот. Воедно, нашиот тим на архитекти е секогаш подготвен да Ви излезе пресрет и мебелот кој Ви е потребен да го прилагоди по Ваша потреба, мерка и вкус, сето тоа запечатено со уникатен дизајн и неприкосновен квалитет.

Искрено Ваши,

Технокооп