ТЕХНОКООП ја утврдува оваа политика за квалитет заради обезбедување производите и услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат со важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.
Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволство на истите од извршената работа се најважните вредности според кои ТЕХНОКООП ја мери и ја одредува својата вкупна успешност.
За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме:
⇒ Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
⇒ Да набавуваме најсовремени репроматеријали и опрема, како нашите крајни производи би имале висок и континуиран квалитет
⇒ Да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата и околината со што ќе допринесеме за попријатно чувство и услови за работа на вработените
⇒ Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
⇒ На клиентите да им се нудат најоптимални и целосни решенија
⇒ Да се реализираат решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на клиентите
⇒ Да се применува и подобрува ефикасноста на системот за управување со квалитет втемелен на барањата на меѓународната норма ISO 9001:2008 и да се тежнее кон надминување на висината на тие барања
⇒ Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет
Секој вработен во компанијата мора да биде запознаен со политиката за квалитет, да ја разбере, прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.
Политиката за квалитет се издава и како самостоен документ кој го потпишува директорот на компанијата. Има статус на управен документ.
© Tehnokoop DOO 2018 | Created by eXpressive graphics