Салон за мебел, salon za mebel, mebel, мебел,
Ви благодариме на посетата

Ние сме ТехноКооп

Нашата компанија која на македонскиот пазар постои веќе од 1989 година, односно повеќе од 30 години и која за овој период успешно се етаблира во доменот на дизајнирање, производство и опремување на ентериери со мебел по мерка и за сечиј вкус. 

Како потврда за успешноста во доменот на организациската поставеност во компанијата, од Јуни 2011 година се здоби со сертификатот ИСО 9001: 2008 норми за квалитет, а во Ноември 2012 година и со сертификатот ИСО 14001: 2004, издадени од австрискиот сертификатор„TUV AUSTRIA CERT GMBH“ од Виена, којшто уште повеќе ќе нè мотивира и ќе допринесе во насока на зголемување на задоволството на корисниците на нашите услуги, но и на вработените.

Компанијата е специјализирана за проектирање, опремување и уредување на простории со различни намени. 

Водејќи се од нашето слоган „КАКО ЗА СВОЈА КУЌА“ постојано се стремиме кон производство на квалитетен и убаво дизајниран мебел, што пред сè е наша клучна заложба со која цврсто чекориме напред, која ни дава право да бидеме горди на она што сме го сработеле досега и нè охрабрува успешно да се справиме со предизвиците што ни претстојат во иднина.

Почитувајќи ги желбите и барањата на нашите клиенти, во производството користиме само висококвалитетни и проверени материјали за производство на мебел набавени од реномирани светски производители, што претставуваше и основа за добивање на ИСО сертификатот.

Воедно, нашиот тим на архитекти е секогаш подготвен да Ви излезе пресрет и мебелот кој Ви е потребен да го прилагоди по Ваша потреба, мерка и вкус, сето тоа запечатено со уникатен дизајн и неприкосновен квалитет.

1

Искрено Ваши, ТехноКооп